За Бисер Травел

Бисер Травел е туристичка агенција со A лиценца, одобрена од Министерство за Економија на Република Македонија, членка на IATA, PATA, ASTA и поседува сертификат за квалитет ISO9001 како и сертификат за грижа и заштита на човековата околина ISO14001 издадени од TUV Австрија.

Агенцијата Бисер Травел како самостоен субјект е основана 2001 година.

Од своето постоење агенцијата работи успешно во областа на туризмот и авиосообраќајот. Вработените во Бисер Травел се одликуваат со високо ниво на стручно образование, професионалност и постојано надградување на знаењата. Покрај стекнатото образование вработените постојано се стекнуваат со нови знаења во школските центри на авио компаниите и тур-операторите.
Нивната професионалност во услужната дејност се забележува во сите аспекти на нивното работење.

Бисер Травел располага со сопствен деловен простор на Ул. Мајка Тереза Бр. 18, лок.4 и има најсовремена технолошка опрема потребна за современо и квалитетно работење.

Работејќи професионално и успешно во областа на туризмот, Бисер Травел се труди да ги донесе услужните туристички дејности на повисоко ниво.

Бисер Травел го карактеризираат ПРОФЕСИОНАЛНОСТ, ПРИНЦИП НА КВАЛИТЕТ И НА УСЛУГА, УПОРНОСТ И ДОВЕРЛИВОСТ.
Бисер Травел го води слоганот за управување, планирање и организирање на сите видови на туристички услуги со највисоки стандарди на деловната етика и квалитет.