Политика за Квалитет

„БИСЕР ТРАВЕЛ“ се грижи за Вас при деловните патувања преку пребарување и резервирање на соодветната травел компонента која ќе одговара на Вашите потреби и политика, менаџирајќи го процесот од почеток до крај;

„БИСЕР ТРАВЕЛ“ како една од водечките компании за организирање на деловни и туристички патувања се стреми кон имплементација на најдобрите практики вo изнаоѓање на најдобро решение за Вашето патување до било која светска дестинација по најниски цени и можност за плаќање по најповолни услови;

„БИСЕР ТРАВЕЛ“ ги почитува правата на клиентите и обезбедува сигурност, безбедност, доверливост и професионалност во нивното патување;

Преку обезбедување на високо квалитетни услуги, „БИСЕР ТРАВЕЛ“ создава се поголем број на лојални корпоративни клиенти и завзема лидерска позиција на меѓународниот пазар како угледен травел партнер на своите клиенти;

Работниот тим на „БИСЕР ТРАВЕЛ“ воспоставува добра комуникација со своите клиенти со цел континуирано подобрување на квалитетот на услугите и остварување на взаемна доверба;

„БИСЕР ТРАВЕЛ“ го поддржува Системот за Управување со Квалитет во согласност со барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2015, домашните и меѓународни законски барања и регулативи;

Врвното Раководството на „БИСЕР ТРАВЕЛ“ го дефинира контекстот на организацијата и обезбедува мотивираност, вклученост и посветеност кон остварување на стратешките определби и цели.

„БИСЕР ТРАВЕЛ“ се стреми да одржува тим од висококвалификуван и мотивиран персонал, води сметка за одржување на пријатен творечки амбиент, при што секој извршител е свесен за важноста на своите дејствија во однос на задоволувањето на потребите на клиентите.

„БИСЕР ТРАВЕЛ“ се стреми навремено да ги идентификува ризиците во работењето, проактивно да управува со нив заради унапредување на услугите, процесите и Системот за управување со квалитет.

„БИСЕР ТРАВЕЛ“ применува процесен приод кон создавањето и одржувањето на системот за управување со квалитет. Во врска со тоа извршува идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на услугите.

Врвното Раководството на „БИСЕР ТРАВЕЛ“ периодично извршува контрола на политиката, функционирањето на системот за управување со квалитет, исполнувањето и поставувањето на нови цели за квалитет.

                                                                                                                               

Управител
Игор Костовски 

Скопје, 27.12.2016
Верзија 02